Македонија Наместо Ковачевски

По големиот пораз на изборите: Славјанка Петровска сака да стане лидер на СДСМ

Конечната одлука ќе ја донесе откако ќе биде започната постапката.

По големиот пораз на изборите: Славјанка Петровска сака да стане лидер на СДСМ

Министерката за одбрана во заминување, Славјанка Петровска открива дека има амбиција да застане на лидерската позиција во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Таа потврдува дека размислува да се кандидира за функцијата и да го замени актуелниот лидер по големиот пораз на изборите.

Таа за неделникот Фокус вели дека сериозно размислува да се вклучи во трката за нов партиски лидер, откако актуелниот лидер Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори по дебаклот што го доживеа СДСМ на претседателските и на парламентарните избори.

Конечната одлука ќе ја донесе откако ќе биде започната постапката.

To top