Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Спорна документација во Лотарија вредна близу 1 милион евра, дали овие пари завршувале кај партнерите на СДС, Груби и Бајрами?

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и во извештајот на ДЗР, изјави Петрушевски

Петрушевски: Спорна документација во Лотарија вредна близу 1 милион евра, дали овие пари завршувале кај партнерите на СДС, Груби и Бајрами?

Интегрален текст од прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и во извештајот на ДЗР.

Државната ревизија утврдила дека Лотарија, под покровителство на Груби и Бајрами, а одобрено од СДС, директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно 320 правни лица во износ од близу 14 милиони денари без да го користи пропишаниот „Мастер дилер’’.

Од вкупните 14 милиони денари, за 13 милиони денари или нешто над 210.000 евра, во извештајот се вели дека документацијата е неуредна, невалидна или недостасува.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Дополнително, ревизијата оценила дека документацијата е спорна и неверодостојна и во делот на готовински одливи од 36,5 милиони денари или 600.000 евра и приливи од близу 8 милиони денари или 130.000 евра.

А притоа вреди да се напомене, дека во Државната Лотарија во тој период кога се случувале овие злоупотреби, немало внатрешен ревизор.

ЈО треба да истражи каде завршиле близу 1 милион евра од Државна Лотарија? Дали тие пари завршувале во џебовите на Груби и Бајрами? Дали постои случај на перење на пари од нивна страна? Зошто СДС иако знаела што се случувало во Лотарија, молчела и не преземала ништо? Дали за опстанок на власт, СДС ги замижувал овие криминали?

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не излезеше во јавноста за случајот со Државна Лотарија и не станеше предмет на јавен интерес, јавниот обвинител Коцевски можеби и овие пријави ќе ги чуваше во фиока.

Затоа, реформите во СДС и судството се нужни за државата.“

Најнови вести од Македонија

To top