И покрај демантите и јасните факти, СДС и Филипче наместо да се извинат за невистините што ги пласираа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, продолжуваат со истата реторика и обвинувања, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Дури и по реакцијата и демантот од британскиот амбасадор во врска со наводите за мигрантски кампови во Македонија, СДС останува на истите позиции, повторувајќи ги истите тврдења како да очекува дека со нивното постојано повторување тие ќе станат вистина, додаде тој во изјавата.
Во меѓувреме, од СДС се обидуваат да ги убедат граѓаните дека никогаш не зборувале за мигрантски кампови, иако токму тие претходно тврдеа дека Македонија се претвора во голем мигрантски камп и црна точка на Европа. И за ова извинување нема, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо одговорност и извинување за неточните информации, јавноста повторно е сведок на манипулации и политичка деструкција. Очигледно е дека ваквиот пристап не им носи резултати, поради тоа што СДС денес е третопласирана партија со околу 130.000 освоени гласови, нагласи Петрушевски.