Реално работиме за 61 пратеник, тоа е апсолутно возможно, тоа го потврдуваат анкетите и граѓаните при посетите на населените места каде одиме. Разочарувањето од актуелната власт на СДС и ДУИ е огромна, но длабоко ќе се разочараат после 8ми мај. Ние имаме најлошо владеење 7 годишно во историјата на Македонија пред се предводено од ДУИ со нивните послушници од СДС“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на телевизија 24.
Тој посочи дека она што расте во Македонија е криминалот и корупцијата на високите функционери на ДУИ и СДС.
„Кога се зборува за криминал и корупција тука нема етникум или е криминалец или е чесен граѓанин без разлика на етникум. Сите граѓани на Република Македонија мора да одговараат еднакво пред законите, не може некој додека се на власт да се привилегирани и да се задскриваат за криминалот и корупцијата“, кажа Петрушевски.
Тој е дециден дека и Европската комисија во својот скрининг документ исто така посочува и бара да се укине балансерот.
„Спречувањето на високото ниво на криминал и корупција се факти од кои нема да остапиме како политичка партија”, рече Петрушевски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ утре ќе обзнанела уште една политичка партија која ќе е дел од новите коалициони партнери.
„Утре ќе обзнаниме уште една политичка партија од новите партнери која ќе биде на добитно место. Ќе ја имаме најголемата коалиција во историјата која излегла на изборите. Немаме дилема за двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ и реално работиме на 61 пратеник за комотно да ја формираме новата влада и комотни во процесот на преговори за формирањето на влада“, заклучи Петрушевски.