Македонија Дебата на МРТ

Петрушевски: Делувањето на професорката Силјановска во Собранието како пратеник говори дека таа е вистинскиот избор за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Петрушевски се осврна и на петгодишниот мандат на претседателот Стево Пендаровски.

Петрушевски: Делувањето на професорката Силјановска во Собранието како пратеник говори дека таа е вистинскиот избор за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што го видовме во изминатите четири години во Собранието ни дава за право дека Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот избор за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, рече Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на МРТ.

Пратеникот Петрушевски се осврна и на петгодишниот мандат на претседателот Стево Пендаровски.

„Ќе го запаметам само како човек кој ги менува ставовите само за неколку часа. Ќе наведам неколку примери. Пендаровски рече нема да се кандидира за претседател на државата повторно, за потоа да го коригираат од кабинетот дека не бил добро разбран, потоа рече дека не ја знае преговарачката рамка, не ја видел, за по поизвесно време да излезе и да рече дека тој ја преговарал, што е понижување на гласачите затоа што тоа е лажење. И на крај сите ќе го запаметат по изјава доколку не би бил претседател и не би ги уживал привилегиите од функцијата ќе се иселел“, кажа Пендаровски.

Петрушевски говорејќи за ставот на ДУИ за избор на претседател на државата во Собрание рече дека ВМРО-ДПМНЕ е против таква идеја.

„Во недостаток на аргументација и да се пофалат со проекти тие прибегнуваат кон национал романтизам, ДУИ водеше и кампања Албанец премиер. Едноставно е во време на владеењето на СДС и ДУИ, се покажа едно дека ДУИ владее, а СДС беше само послушникот кој ги реализираше барања на ДУИ“, кажа Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски се осврна и на петгодишниот мандат на претседателот Стево Пендаровски.

„Ќе го запаметам само како човек кој ги менува ставовите само за неколку часа. Ќе наведам неколку примери. Пендаровски рече нема да се кандидира за претседател на државата повторно, за потоа да го коригираат од кабинетот дека не бил добро разбран, потоа рече дека не ја знае преговарачката рамка, не ја видел, за по поизвесно време да излезе и да рече дека тој ја преговарал, што е понижување на гласачите затоа што тоа е лажење. И на крај сите ќе го запаметат по изјава доколку не би бил претседател и не би ги уживал привилегиите од функцијата ќе се иселел“, кажа Петрушевски.

Најнови вести од Македонија

To top