Министерката за одбрана Славјанка Петровска објаснувајќи го процесот на набавка на хеликоптерите го повика на телевизско соочување пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
– Кога сме на таа тема, јас секогаш сум отворена, прашањата ги одговарам директно, меѓутоа и овие обвнивања сум поготвена да ги одговорам директно и еве ова нека биде една покана до пратеникот Александар Николоски за едно ТВ соочување со мене на тема хеликоптери и сè што има да каже слободно нека ми каже на телевизија, пред граѓаните – порача вечерва министерката Петровска.