Идната Влада има целосна поддршка од СДСМ енергично да се борат против корупцијата и да апсат се што е криминално, ама по закон, истакна Андреј Петров во емисијата „24 Отворено“ на 24 ТВ.
Петров и честита на ВМРО-ДПМНЕ за справување со корупцијата на високот ниво односно за случајот со врховниот судија.
Им честитам за акцијата што ја направија за корупцијата на високо ниво, тоа е нешто што така треба да биде и да личи. Значи ако некој се реши да биде врховен судија не може да зема мито, рече тој. Имаат и поддршка за сите работи кои што не беа како што треба да ги поправат, додаде Петров.