Македонија сдсм

Петров: Ме изеде срам што денес никој од пратениците на СДСМ не зеде збор на седницата на Собранието, ни требаат пратениците, а не ќутолози, кој не е спремен за таа активност во Собранието, нека си поднесе оставка од пратеник

Моето видување е дека за жал и малку срам ме изеде од однесувањето на СДСМ на денешната седница, бидејќи никој не стана и не кажа збор, истакна Андреј Петров, член на Извршниот одбор на СДСМ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Петров додаде дека на денешната седница во Собранието никој од пратениците на СДСМ не смогна сила да зеде збор на седницата.

И токму тоа кај мене погодува едно чувство на срам, укажа Петров.

Едно е да бидете конструктивни, треба опозицијата да биде конструктивна, но работата на пратеник во Парламентот е да зборува на говорница. Што му е работата? Ако некој нема намера да зборува на говорница, место да поднесува оставки од партиски органи нека си поднесе оставка од пратеничкиот мандат, нагласи тој.

Тој посочи дека требаше денеска барем еден или двајца пратеници од СДСМ да излегоа на говорница и да ги кажат нивните забелешки.

Парламентот не е место каде што треба да седат ќутолози, порача Петров.

Најнови вести од Македонија

To top