Македонија

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите кандидати било каде и под било какви услови

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите кандидати било каде и под било какви услови

Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, вели кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.

Додава дека токму затоа, прв предложил да се одржат 2 големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање.

-Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа. Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на тв дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати, истакнува Пендароски.

Најнови вести од Македонија

To top