Македонија

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да не врати назад

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции,  едната што продолжува напред, другата што сака да не врати назад

Во овие пет години се трудев да бидам коректив на извршната власт и секој претседател на државата треба така да постапува, порача денеска од Желино, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Пред вас има два концепта кои никако не се приближуваат. Јас и мојата опција сме за ваква Македонија каква што ја имаме со разбирање со меѓусебна почит, без меѓуетнички конфликти, другата опција е ризик за поделби и тензии, опција со која сигурно нема да просперираме“ порача Пендаровски.

Пендаровски изрази уверување дека најголем дел од гласовите кои завршија кај кандидатите кои испаднаа во првиот круг, во вториот круг ќе завршат кај него затоа што граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес.

Пред граѓаните Пендаровски побара поддршка во вориот круг, за да продолжи државата по вистинскиот пат, по патот на заедништвото, слогата и прогресот кон Европската Унија.

To top