На средбаѓи со граѓаните во Кратово и Старо Нагоричане, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановка Давкова немаат идеја, ниту план за тоа што да прават со евроинтегративниот процес.
„Тие велат, подобро да бидеме сами, отколку да одиме со вакви понижувачки договори. Еве нека направат тие подобар договор. Дали знаат како да направат подобар договор? За да направиш подобар договор треба да имаш меѓународни пријатели, тие немаат ниту еден, а овие договори за кои зборуваат, се направени со помош од меѓународните пријатели. САД и Европа стојат зад договорите, а тие, ВМРО-ДПМНЕ немаат многу-многу пријатели во Европа, во САД воопшто и немаат и затоа велат, ќе ви кажеме на 9 мај што ќе правиме. Почитувани, тоа се вика „мачка во вреќа“ односно политичка пропаганда. Бидејќи немаат никаква понуда, се кријат зад тоа дека договорите не се добри и дека ги штителе националните интереси. Еве како ги штитеа македонските национални интереси и правата на граѓаните во нивното 11годишно владеење. Во тоа време имаше две категории граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ и сите останати, каде само првите можеа да се вработуваат, само првите можеа да напредуваат, а сите ние други бевме во групата „останати“ порача Пендаровски.
Пендаровски посочи дека за разлика од времето на режимот кога пристапот до најголемите медиуми беше строго одграничен, денеска има демократски амбинет и тоа го гледа секој поединец во државата.
„Некој ќе рече, требаше и ние така да владееме, но јас не можам така да функционирам. Јас се разликувам од Ѓорге Иванов, јас се разликувам од Гордана Силјановска Давкова, јас не можам да владеам на таков начин, по диктат и да кажувам само моите луѓе и само мојата фамилија ќе напредува. Што станува со другите семејства во нашата држава?“ рече Пендаровски додавајќи дека во првиот мандат покажал дека е претседател на сите, без да фаворизира кого било и дека така ќе продолжи и во вториот мандат, ако ја добие поддршката од граѓаните.