Четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните денеска поднеле кандидатури за претседател до Државната изборна комисија.
Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари од поддржан од коалицијата на албанската опозиција Вреди.
Според роковникот на ДИК за претседателските избори, кандидатурите треба да бидат поднесени до утревечер. Потписи за кандидатура за претседател собраа и Гордана Силјановска Давкова, која е поддржана и со пратенички потписи од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Билјана Ванковска поддржана од Левица и Бујар Османи, поддржан од ДУИ.
Кандидатурите треба да бидат потврдени од членовите на ДИК и тогаш тие и официјално ќе станат претседателски кандидати.
Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4 април.