Пензионерите од Штип, кои изминатите месеци протестираат за линерано зголемување на пензиите од 5.000 денари, денеска на Градскиот плоштад „Слобода“ излегоа на протест со трпеза за Нова година, на која што во чиниите беа сервирани парчиња леб и сол „буковец“.
Соња Арсова член на Иницијативниот одбор за протест на пензионерите во Штип порача дека ова ќе биде скромната трепеза на пензионерите за Нова година, бидејќи по долги години пензиите ќе им се исплатат на 2 јануари, а не пред новогодишните празници.
-Дали во нашата историја, паметиме да пензионерите останат без својата пензија за Нова година, никогаш. Оваа категорија на граѓани не се сеќаваат и не веруваат дека ова може да им се случи. Погледнете ова се пензионерите кои остана без пензии. Оваа Нова година пензиноерите ќе ја дочекат на 2 јануари, рече Арсова.
Пензионерите кои имаат барање за линеарно зголемување на пензиите порачаа дека со протестите ќе продолжат и во 2024 година. (МИА)