Македонија „За или против“

Пандов: Изминативе седум години ниеден вонреден надзор не е направен на затворот „Шутка“, затворениците имале клучеви од ќелии наместо чувари

„За да вие добиете таков третман сите информации посочуваат дека поранешниот веќе директор Филип Андов – Сокол и одреден број на пајташи таму негови биле тие кои што за одредена сума на пари им го давале тој третман на затворениците“, рече Пандов.

Пандов: Изминативе седум години ниеден вонреден надзор не е направен на затворот „Шутка“, затворениците имале клучеви од ќелии наместо чувари

„Јас уште сум шокиран од состојбата по затворите во Македонија. Бидејќи колку и да сум мислел дека Македонија со минатата власт беше запустена земја и немаше ред и поредок, сепак сум мислел дека Македонија како земја што припаѓа во Европа и која што е географски во Европа дека барем затворскиот систем некаков ред имал“, истакна Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

-Меѓутоа за жал состојбата по затворите е катастрофална. Јас веќе од првиот ден како настапив како директор до мене започнаа да доаѓаат информации што од луѓе вработени во затворите, што од луѓе се затвореници дека во поголем дел од затворите, но ми акцентираа посебно во затворот „Скопје“ или познат меѓу граѓаните „Шутка“ дека 10-тици затвореници имаат такво право безмалку воопшто не присуствуваат во затворот, рече тој.

Пандов додаде дека има одреден број на затвореници кои што влегувале и излегувале од затворите кога ќе посакаат.

„Но, бидејќи истите информации ми се повторуваа од повеќе страни, минатиот петок, на 19-ти јули, нешто пред 23 часот со две службени лица од Управата за извршување санкции решивме да направиме вонредна контрола на затворот. И стриктно намерата ни беше да ја видиме бројната состојба дали е таа која што е“, појасни Пандов.

Тој посочи дека од службените лица од затворот „Шутка“ дознал дека ова било прва контрола на затворот по седум години. Значи во тек на изминативе седум години немало вонредна контрола на затворот.

„Изминативе седум години ниеден таков вонреден надзор не е направен на затворот „Шутка“. Од затворските полицајци дознав дека во затворот владее тотално безредие“, нагласи Пандов.

Пандов укажа дека чуварите немале клучеви од ќелиите, туку затворениците ги имале тие клучеви. Таму немало ниту осветлување, ниту камери.

„За да вие добиете таков третман сите информации посочуваат дека поранешниот веќе директор Филип Андов – Сокол и одреден број на пајташи таму негови биле тие кои што за одредена сума на пари им го давале тој третман на затворениците“, рече Пандов.

Најнови вести од Македонија

To top