Македонија Mакроекономски параметри

„Ова е првата Влада што директно вложува во општините за граѓаните над 300 милиони евра“, вели премиерот

Тоа се макроекономските параметри по кои ММФ, Светска банка и кредитните агенции не оценуваат, потенцира премиерот кој денеска беше во посета на Општина Петровец. 

„Ова е првата Влада што директно вложува во општините за граѓаните над 300 милиони евра“, вели премиерот

Ние сме првата Влада која директно вложува во општините за граѓаните повеќе од 300 милиони евра. Тоа е факт, а се останато се конструкции и невистини, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

Според Мицкоски, јавниот и државниот долг прв пат е намален за неколку проценти во последните десет години.

-Јавниот и државниот долг прв пат е намален за неколку проценти во последните десет години. Тоа е факт и ќе продолжиме и понатаму да го намалуваме. Дефицитот во Буџетот годинава очекуваме да биде под четири отсто од БДП, а следната година да биде под три проценти. Тоа се макроекономските параметри по кои ММФ, Светска банка и кредитните агенции не оценуваат, потенцира премиерот кој денеска беше во посета на Општина Петровец.

To top