Министерот за надворешни работи и претседателски кандидат за престојните избори Бујар Османи го поздрави усвојувањето на извештајот на известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани, во однос на можниот прием на Косово во оваа европска институција.
„Мило ми е што можам да ја поздравам денешната одлука на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го покани Косово да стане членка. Успешното гласање резултираше со 31 глас „за“ и четири „против“, објави Османи.
Glad to welcome today’s decision of @PACE_Political to invite #Kosovo to become @coe member.
Successful voting resulted with 31 YES, 4 NO.
We wish April session of the Parliamentary Assembly of #CouncilofEurope to be last step for Kosovo’s membership process
— Bujar Osmani (@Bujar_O) March 27, 2024
Османи додаде дека посакува априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа да биде последен чекор за процесот за членство на Косово во таа европска институција.