Македонија ДУИ

Османи: Не се сите вработени Албанци во институциите кадри на ДУИ

Не може само ДУИ да има одговорност за евроатлантската иднина на земјава, треба одговорност да сносат и оние што го попречуваат тој пат, со сите последици од таквото однесување, рече шефот на македонската дипломатија.

Османи: Не се сите вработени Албанци во институциите кадри на ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска пред медиумите укажа на, како што рече, креираната перцепција оти секаде во институциите каде има вработено Албанци, дека тоа значи присуство на ДУИ во нив.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција по средбата со претставникот на НАТО, Хаивер Коломина, Османи во врска со обвинувањата на албанскиот опозициски блок за наводно политичко влијание на ДУИ врз судството, како и за поврзаност со судиите на Врховниот суд, рече дека не сите Албанци вработени во институциите се кадровици на ДУИ.

– Кога ќе видите лекари специјалисти Албанци, што не беше случај во минатото, тие велат дека еве ДУИ се вметна и во клиники. Тие не се кадри на ДУИ, тое се луѓе на кои им беше оневозможено во минатато да бидат во институции…Не може да анатемирате еден народ претставувајќи го дека тој е само ДУИ. ДУИ е само политичка партија која ги отвори институциите за Албанците да влезат внатре, рече Османи, изразувајќи жалење што некои политички партии застапеноста на Албанците во обвинителството, во судовите, по клиники, по институции, во администрација ја посочуваат како партиско односно политичко дело, рече Османи.

По однос наводите на опозициските партии од албанскиот блок за откажување на ДУИ од напорите за изгласување на уставни измени, Османи дециден дека партијата ќе направи се што може за реализација на уставните промени.

– Без уставни промени нема зачленување во ЕУ, нема преговори со ЕУ, без преговори со ЕУ ние не можеме да функционираме како општество. Без овој извештај што денеска го објави ЕУ со дијагноза за сите слабости, нема да бидеме во можност да ги детектираме ниту да ги коригираме нашите слабости. Затоа до последен миг , до последниот здив, до последната можност, ние нема да престанеме да работиме за уставните промени. Но одговорноста не е само на ДУИ. Не може само ДУИ да има одговорност за евроатлантската иднина на земјава, треба одговорност да сносат и оние што го попречуваат тој пат, со сите последици од таквото однесување, рече шефот на македонската дипломатија.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top