Македонија ФОКУС

Оровчанец за „Фокус“: Никој не ме консултирал за Арсовска да биде претседател на Нова Алтернатива, јас си поднесов оставка

Партијата останува во коалицијата предводена од СДСМ и на наредните избори, но не добива пратеничко место.

Оровчанец за „Фокус“: Никој не ме консултирал за Арсовска да биде претседател на Нова Алтернатива, јас си поднесов оставка

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска не се откажува од политичките амбиции, па наместо досегашните планови за формирање на своја партија, таа најверојатно утре ќе стане претседател на партијата Нова Алтернатива, која до пред некое време беше предводена од доктор Ѓорѓи Оровчанец, анализира ФОКУС.

-Според нашите информации, Арсовска и нејзиниот човек од сенка Драган Митковски не успеале да ги соберат потребните 1.000 потписи за да ја формираат партијата „Правда“, за која како што објавивме уште пред неколку месеци, таа официјално потврди на почетокот на годината, пишува порталот.

„Фокус“ го контактираше досегашниот претседател Оровчанец, кој тврди дека си дал неотповиклива оставка и дека за тоа што се случува внатре во партијата никој не го информирал.

„Јас веќе три месеци сум на боледување. За тоа што се случува во партијата никој не ме информирал и си дадов оставка од претседателското место. Ниту некој ме консултирал дали да биде Арсовска претседател, нбиту ме запознале, истакна Оровчанец во изјава за „Фокус“.

Партијата е создадена од страна на Ѓорѓи Оровчанец во 2007 година, во периодот кога тој бил член на ВМРО-НП и пратеник во Собранието. На парламентарните избори во 2008 година, „Нова Алтернатива“ учествува во коалицијата предводена од СДСМ каде што добива едно пратеничко место.

Партијата останува во коалицијата предводена од СДСМ и на наредните избори, но не добива пратеничко место.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС

To top