Македонија

Оризовата арпа ќе се откупува по 35 денари за ситните сорти со рандман 50% и 40 денари за високи сорти со рандман од 50%

Оризовата арпа ќе се откупува по 35 денари за ситните сорти со рандман 50% и 40 денари за високи сорти со рандман од 50%

„Денес имавме состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. И договоривме цена за ситните и крупните сорти на ориз. Значи базна цена за ситните сорти ќе биде од 70 денари, тоа ќе биде пресметано односно помножено по рандманот и ќе се добие цена. Што значи дека ако ситната сорта има 50% рандман цената ќе биде 35 денари, додека ако пак има 55% рандман тогаш цената ќе биде повеќе“, истакна еден откупувачите по одржаниот состанок во општина Кочани со министерот.

Откупувачот додаде дека ако има помалку рандман тогаш цената на откуп ќе биде пониска.

„За крупните сорти цената базна ќе биде 80 денари. значи со рандман 50% цената ќе биде 40 денари. Цената ќе се движи пропоционално со рандманот“, заклучи откупувачот.

„Сите откупувачи се обврзавме да откупиме одредена количина, да го олесниме пазарот без разлика на пазарната економија и цените кои што се во странство. Количината помеѓу ситните и крупните сорти е некаде 3.000 тони“, појасни тој.

Еден од земјоделците посочи дека со присуство на министерот на состанокот се постигна откупна цена за ситните сорти 35 денари, а за крупните сорти околу 40 денари. Се надева дека договорот ќе се почитува при откупот на оризот.

-Сакам да потенцирам дека секој земјоделец кој што ќе има сомнеж за рандманот и процентот на влагата во зрното што го утврдува самата откупна компанија, ќе може бесплатно да направи проверка во Институтот за ориз во Кочани. Ова е направено со цел да се елиминира сомнежот дека има одредени злоупотреби во целиот процес. Нормално, ова што ќе се откупи до крајот на годината, целиот процес ќе го следи Земјоделскиот инспекторат, за да нема нејасностии или сомневање. На почетокот на идната година ќе повлечеме и количини за стоковите резерви, со што дополнително ќе го олесниме процесот, истакна министерот Трипуновски.

По средбата беше најавено дека ресорното Министерство за наредната година заедно со земјоделците ќе изготви стратегија за да се избегнат вакви турбуленции во откупот за новата реколта, а таа ќе се однесува и од аспект на семенскиот материјал, заштитните препарати и доволни и навремени количини вода за наводнување.

To top