Македонија општина Кисела Вода

Орце Ѓорѓиевски: Нема проблем за кој што нема решение!

Тие своето незадоволство го изразија преку мирен протест.

Орце Ѓорѓиевски: Нема проблем за кој што нема решение!

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес ги повика граѓаните кои имаа спор со ЕСМ Топлификација околу ископувањето од нивна страна за приклучување на домаќинствата на топлинската мрежа. Тие своето незадоволство го изразија преку мирен протест, а градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика заедно со директорот на ЕСМ Топлификација Петар Милетиќ за да најдат решение кое ќе биде прифатливо за сите.

-Нема проблем за кој што нема решение!

Спорот кој граѓаните од улицата „Народни херои“ го имаа со ЕСМ Топлификација, сега е надминат.

Денес во мојот кабинет ги повикав граѓаните кои денес го изразија своето незадоволство преку мирен протест, а во врска со проблемот околу ископувањето на ЕСМ за приклучоци на домаќинствата на топлинска мрежа.

Го повикав на разговор и директорот Петар Милетиќ за и тој да го слушне она што имаат жителите на таа улица да го кажат.

Излеговме на терен, на лице место да извршиме увид во работните активности и да најдеме заедничко решение кое ќе биде прифатливо за сите.

Директорот Милетиќ ќе ја забрза динамиката на работа сѐ со цел побрзо да се направи приклучокот, а пристапот на жителите до своите домови нема да им биде оневозможен.
Во наредниот период ќе бидат и во постојана комуникација за да нема повеќе вакви или слични ситуации.

За мене најважен е мојот народ и затоа не постои проблем кој не можеме да го решиме, доколку делуваме заедно. – истакна Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top