Македонија Генерално собрание на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски со едногласна одлука реизбран за претседател на ЗЕЛС

Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница, објави на својат Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Орце Ѓорѓиевски со едногласна одлука реизбран за претседател на ЗЕЛС

Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница, објави на својат Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски.

Уверен сум дека пред нас е успешен мандат кој ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и во продлабочувањето на децентрализацијата.

Овој оптимизам го темелам на неколку клучни причини.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Прво, изминаа дваесет години од започнувањето на процесот на децентрализација, период во кој локалната власт созреа и се изгради јасна визија за неопходните реформи.

Второ, во овој мандат располагаме со значаен човечки потенцијал и искуство, повеќе од половината градоначалници имаат најмалку еден мандат зад себе, а меѓу нив и колеги со долгогодишен континуитет.

Трето, искуството од енергетската криза покажа дека кога сме обединети во рамките на ЗЕЛС можеме да изнајдеме решенија и да се справиме со најтешките предизвици.

За разлика од минатото, денес имаме јасна поддршка и партнерски однос со Владата и Премиерот Христијан Мицкоски, што резултира со ревидиран Меморандум за соработка и видлив инфраструктурен развој во општините.

Четврто, ЗЕЛС претставува стабилна и инклузивна заедница во која сите општини настапуваат рамноправно, без разлика на политичка, етничка или верска припадност.
Преку документот „Систематизирани ставови на ЗЕЛС“ и новата Стратегија за периодот 2026-2030 година, јасно ги дефинираме приоритетите и подготвено настапуваме во дијалогот со централната власт.

Во изминатиот период активно учествувавме во подготовката на измените на Законот за локална самоуправа, при што беше прифатено и нашето долгогодишно барање за воспоставување општинска комунална полиција.

Во наредниот период фокусот ќе биде ставен на посериозна децентрализација, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините.
Ќе продолжиме со лобирање за поголем удел на општините во јавните приходи, подобра наплата на сопствените извори и понатамошен развој на електронските услуги.

Пред нас стојат уште многу важни прашања, но уверен сум дека со заеднички пристап и јасна визија ќе постигнеме конкретни резултати, пишува во својата објава Ѓорѓиевски.


.

Најнови вести од Македонија

To top