Македонија Источна Македонија

Општина Кисела Вода испрати хуманитарна помош за регионите погодени со пожарите

Заедно, со единство и солидарност, можеме да ги надминеме сите предизвици, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода испрати хуманитарна помош за регионите погодени со пожарите

Општина Кисела Вода со голема загриженост ја следи ситуацијата со огромните пожари што ја зафатија Источна Македонија. Денес, во знак на солидарност и поддршка кон погодените подрачја, беше испратено комбе со помош која содржи вода за пиење, сокови, напивки, конзервирана храна и други намирници кои му се потребни на населението во тие области.

-Во моменти на криза, солидарноста и заедништвото се од клучно значење. Општина Кисела Вода ја изразува својата поддршка и солидарност со сите погодени од пожарите. Се надеваме дека оваа криза ќе заврши брзо и со што помала материјална штета. Ваквите тешки моменти нè потсетуваат на важноста од помагање едни на други и затоа ги повикувам и другите општини да испратат помош во погодените подрачја. Заедно, со единство и солидарност, можеме да ги надминеме сите предизвици- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top