Македонија

Определен 30 дневен притвор за таткото на Вања и тројцата осомничени за грабнувањата и убиствата

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и осомничените Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, добија 30 дневен притвор откако вечерва повторно беа во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка.

Определен 30 дневен притвор за таткото на Вања и тројцата осомничени за грабнувањата и убиствата

Судот го прифати барањето на јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и осомничените Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, добија 30 дневен притвор откако вечерва повторно беа во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка.

Претходно Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.

Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.

-Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените.

На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен, соопшти вечерва Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва соопшти дека во Турција е уапсен и првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо.

To top