Македонија

Опожарени бараки во кумановското село Романовце

Опожарени бараки во кумановското село Романовце

Приватни објекти, бараки за половни делови за возила, во кумановското село Романовце изгореле во пожар вчера, соопштија денеска територијалната противпожарна единица Куманово, регионалниот центар за управување со кризи Куманово и полицијата. Седуммина пожарникари и три противпожарни возила го гаселе пожарот кој избувнал во 22: 40 часот до 01:10 часот по полноќ.

– ТППЕ Куманово интервенирале во село Романовце во приватен објект за поволни делови на возила. Во пожарот се опожарени бараки, интервенирано е од 22:40 до 01:10 часот со три противпожарни возила и седум пожарникари. Причина за пожарот како и материјалната штета дополнително ќе се утврдува, соопштија денеска од РЦУК Куманово.

СВР Куманово информираше дека пожарот бил пријавен кај нив во 22:23 часот.

-Во СВР Куманово било пријавено дека кај излезот за село Романовце, кумановско, на автопат Скопје – Куманово, настанал пожар во три бараки, сопственост на Д.М. од село Миладиновци, скопско. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, соопшти полцијата.

Кумановските пожарникари регистрираат и две интервенции на запалена сува трева на улицата „Тоде Мендол“, два пати на истата локација. Првата била од 16 до 17:20 часот, втората еден час подоцна, а била изгасната во 19: 40 часот.

To top