Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), ги повикува сите Македонци кои живеат надвор од Македонија, независно од обновата на своите пасоши, доколку нивното временско траење е се уште валидно, да се регистрираат за гласање на претстојните избори и ја конкретизираат валидноста на изборите во државите во кои тие живеат.
-Како членови на различи македонски заедници ширум светот, сметаме дека овогодинешните избори се клучен фактор за дијаспората да добие глас во татковината кои би можел да придонесе за нејзиното институционализирање и имплементација на Националната Стратегија за Дијаспора која е клучна во тој процес. Иако сите ние како Македонци кои живеат надвор од Македонија, сме апелирале за зголемување и подобрување на врските помеѓу нашата татковина и нас како членови на дијаспората, сепак оваа година конечно ќе имаме можност тоа да го направиме статистички конкретно со регистрирање на нашиот глас каде и да сме, велат од ОМД.
Македонија за прв пат го олесни тој процес и дефинираше конкретни чекори со детални претставувања на Македонците и нивните регистрирани гласачки права.
ЕВЕ КАДЕ можете да се регистрирате ако сте македонски државјанин во дијаспората