Огромна победа на Гордана Силјановска Давкова на првиот круг на претседателските избори во Македонија.
Според досегашните резултати на ДИК, разликата во гласовите на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 145.000 гласови.
Голем пораз за Стево Пендаровски се резултатите од денешните избори. Колку и да е очигледно дека тој влегува во вториот круг, овој изборен резултат е сигурно голем “удар“ и за него и за СДСМ.
Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 80 проценти од гласовите, односно 2 806 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 282 075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137 450 гласови (19,42%).
Трет е Бујар Османи од ДУИ со 101 160 гласови (14,28 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 71 633 гласови (10,11 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 59 933 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 30 802 гласови (4,35 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 321 гласови (0,75 %).