Во соработка со Прилепското архиерејско намесништво оваа година се враќа масовноста на овој свет чин, информираат од прилепската локална самоуправа каде беше пријавувањето на учесниците и која во соработка со Прилепското архиерејско намесништво го организира светиот чин на Водици.
Чинот на фрлање на крстот, Богојавленскиот водосвет, ќе биде извршен и во уште 15 други населени места на територијата на општина Прилеп каде ќе учествуваат околу 150 жители – верници од населените места.
Во Прилепско четврта година по ред ќе се одржи и една традиција на капење во осветени води. Повеќе од 100 прилепчани чинот ќе го изведат на Водици на езерцето во близина на превојот Плетвар.