Македонија Анкета

Огромна предност на Силјановска Давкова пред Пендаровски во 3 и 4 ИЕ

На прашањето „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“, во третата изборна единица (ИЕ3) за Гордана Силјановска Давкова одговориле 37,1%, додека за Стево Пендаровски 21,8% од испитаниците. Зад нив се Максим Димитриевски 6,7%, Билјана Ванковска 5%, Стевчо Јакимовски 1,2%, додека пак Арбен Таравари и Бујар Османи се под еден процент.

Огромна предност на Силјановска Давкова пред Пендаровски во 3 и 4 ИЕ

Продолжува трендот на огромната предност на претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова пред кандидатот поддржан од Социјалдемократскиот сојуз, Стево Пендаровски.

Во најновата анкета објавена во емисијата „Објектив“ на Македонската радио телевизија спроведена од ИПИС во април месец, се истражуваше рејтингот на претседателските кандидати во третата и четвртата изборна единица.

На прашањето „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“, во третата изборна единица (ИЕ3) за Гордана Силјановска Давкова одговориле 37,1%, додека за Стево Пендаровски 21,8% од испитаниците. Зад нив се Максим Димитриевски 6,7%, Билјана Ванковска 5%, Стевчо Јакимовски 1,2%, додека пак Арбен Таравари и Бујар Османи се под еден процент.

На истото прашање во април месец во четвртата изборна единица (ИЕ4), дека ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова одговориле 36,3% од испитаниците, додека Стево Пендаровски има доверба од 23,8% од анкетираните.

Далеку зад нив следат Билјана Ванковска 3,9%, Максим Димитриевски 5,6%, Стевчо Јакимовски 1,1 отсто, Бујар Османи и Арбен Таравари и во четвртата изборна единица се со доверба под еден процент.

To top