Македонија

ОД УТРЕ НИ ДОАЃА ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ: Подгответе се за дожд, но и нешто што ни носи „Луда марта“

ОД УТРЕ НИ ДОАЃА ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ: Подгответе се за дожд, но и нешто што ни носи „Луда марта“

Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни ( од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер ( над 70 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места.

Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.

Најнови вести од Македонија

To top