Во вторник и во среда по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од утре попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.