Македонија

Од угледен бизнисмен до продавач на ПЕТАРДИ, кој е внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети?!

Од угледен бизнисмен до продавач на ПЕТАРДИ, кој е внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети?!

Внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети синоќа бил приведен, бидејќи полицијата во возилото кое го возел, „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, му нашла 749 пиротехнички средства.

Дрин Ахмети стана познат во јавноста откако беше соопштено дека неговата фирма “Торх индустрис“ е еден од купувачите на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.

Тој без пари, како што информираше самиот на прес-конференција ќе поседува 39 отсто од „Соравиа Инвест“, а 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“. Тој е син на Фекри Ахмети.

Кој е Дрин Ахмети?

Првата информација на Гугл за младиот Ахмети, кој има 25 години е неговиот профил на „Линкд ин“.

Printscreen

Според информациите кои ги споделил овде, образование стекнувал во земјава и странство. Во Македонија студирал на приватниот Американ колеџ во Скопје, истовремено и во Италија на државниот Tor Vergata, а во Северна Каролина во САД бил на постдипломски студии на приватниот универзитет – Duke.

Учел за финансии, банкарство, бизнис-менаџмент, инженерство на нафта и гас… Како што кажа и самиот пред неколку месеци, веќе на 19 години, паралелно додека студирал водел бизнис, па затоа и толку брзо напредувал во кариерата.

Printscreen

Освен во “Торх индустрис“ тој се јавува како сопственик и косопственик и во фирмите „Еверест ЏД“, „Потам-плант“ (преку Еверст ЏД) и „Хелиос плант“. Првата е од областа на градежништвото, а другите две се занимаваат со производство на струја.

Но по се изгледа дека младиот Дрин Ахмети е љубител на приротехника или пак сакал својот бизнис да го прошири во фабрика за производство на пиротехничи материјали.

Вечерва околу 20 часот припадницитена ЕЗС Тигар го уапсиле лицето, Дрин Ахмети, дознава Курир од полициски извори.

Најнови вести од Македонија

To top