Македонија ВМРО-ДПМНЕ

„Од први јануари поскапа струја заради СДС и ДУИ, власта лажеше дека нема да ја зголеми цената“

-Покачувањето е за скоро 3% во третиот блок што значи дека на сметка од 4000 денари, ќе се плаќаат нови 120 денари.

„Од први јануари поскапа струја заради СДС и ДУИ, власта лажеше дека нема да ја зголеми цената“

Власта излажа дека цената на струјата нема да се покачи. Од први јануари граѓаните ќе плаќаат поскапа струја. Власта ја покачи цената на струјата за корисниците кои спаѓаат во третиот и четвртиот потрошувачки блок, каде се поголемиот број од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Покачувањето е за скоро 3% во третиот блок што значи дека на сметка од 4000 денари, ќе се плаќаат нови 120 денари.

Ако на покачувањето се додаде и новата такса која власта ја нарече мрежарина и е во висина до 250 денари, за граѓаните со два објекти, тогаш доаѓаме до заклучок дека кумулативно покачувањето изнесува и до 400 денари месечно.

Откако се СДС и ДУИ на власта цената на струјата не запира да расте. Од 2017 до денес цената е покачена за 50%. Или во бројки, за сметка од 2000 денари во 2017 година сега се плаќаат 3000 денари. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, додаваат од партијата.

To top