Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, потврдуваат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека се во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина.
Повеќе детали за анализите и проверките кои се прават не се соопштуваат во интерес на истрагата.
-Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од Обвинителството.