Македонија МОН

Новина во образованието: Учениците задолжително ќе учествуваат во општествено корисни активности организирани во соработка со граѓанскиот сектор

Овие активности имаат за цел да ја развијат свеста за заедницата, одговорноста кон општеството и емпатијата кај учениците.

Новина во образованието: Учениците задолжително ќе учествуваат во општествено корисни активности организирани во соработка со граѓанскиот сектор

Министерството и Бирото за развој на образованието за прв пат годинава изработија програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 саати годишно. Овие активности имаат за цел да ја развијат свеста за заедницата, одговорноста кон општеството и емпатијата кај учениците.

Оваа новина ја соопшти министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната Национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, во организација на Цивика Мобилитас со поддршка од Швајцарската амбасада.

„Програмата вклучува волонтерство и соработка со граѓански организации, а преку ваквиот ангажман учениците ќе учат како да придонесуваат за доброто на заедницата, што е важно за нивниот личен развој и граѓанска одговорност“, рече Јаневска додавајќи дека од следната година, програма за општествено корисни активности ќе се изработи и за учениците од гимназиите, со оглед на тоа што гимназиското образование е во процес на реформирање.

Одговарајќи на прашање како МОН планира да ги вклучи граѓанските организации во развојот, спроведувањето и следењето на новата Национална стратегија за образование за 2026 година, министерката рече дека граѓанските здруженија се веќе вклучени во процес кој претходи на пишувањето на Националната стратегија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„Досега се сретнав со 50тина граѓански здруженија и со сите дискутираме за предизвиците кои ги засегаат оние кои тие ги застапуваат како организации. За секој предизвик оформуваме одговори во вид на мерки, проекти, активности, законски измени и слично. Дел од нив се веднаш спроведливи, дел пак, ќе бидат интегрирани во стратешки документи како што е Националната стратегија. Комуникацијата со здруженијата ни е особено важна“, додаде Јаневска.

Посочи дека сите општествени чинители имаат подеднаква одговорност во градењето квалитетен образовен систем и затоа се заложува за уште поинтензивна соработка со граѓанскиот сектор. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top