Којзнае кој ден по ред претседателот на СДС, Венко Филипче, ќе оддржи прес-конференција. Партијата го најави за 13.000 часот, за промена без грешки и за четврток во четврток, не за среда во сабота како минатиот пат. На толку пресови, се навежбале пустите. И ќорава кокошка ќе клукне некое зрно, велат упатените. Ок, што е право, не знаат дека меѓу прес и конференција се става тире, како и запирка меѓу „претседателот на партијата“ и „Венко Филипче“ на крајот на реченицата. Да, тоа би било премногу да се бара од ајваните во пи-ар машинеријата на СДС, кои не знаат ни што е тоа метафора, стилско средство за кое децата учат во 4-то одделение…
Познавачите очекуваат, како и до сега (истото би го рекол и нивниот коалиционер Али) Венко повторно да направи нов „колаж“ на серијата урнебесни и преполни со луцидни теории на заговор денешни соопштенија на СДС (ги штанцаат како на лента), кои, да не се се тажни, можеби и би биле смешни. Ќе ги залепат со копи-пејст „метода“, а Венко „звани“ Богданка само ќе ги прочита со трепет во своето напатено гласче.
Во контекст на последните случувања, и по урнек на дузината непотребни и тотално празни прес-конференции минатите денови, во кои Венко го има колку да го има, затоа што знае дека можеби наскоро ќе го нема (на слобода, можеби поради Жан Митрв, можеби поради друга мега-афера од фиоките на екс Коцевски), се очекува сега тој да им одговори на Шилегов и Деспотовски, кои два дена по ред го прават парам-парче и „за сите пари“ го изругаа лузерот Филипче. А нервозниот „лидер“, да не ти прифаќал критика. И морал да врати, како ајван во градинка…
Кладбата по обложувалниците е дека Венко ќе излезе и ќе ги обвини двајцата дека се вмровци, дека се платени слабаци фатени за измислени криминали и долгови, извршители ставени во служба за да не му дозволат да ја “дигне партијата“ која рапидно скокала со рејтингот (надолу во тињата) и дека власта се уплашила и корне коси од неговите урнебесни прес-конференции кои, реално, со денови служат само за потсмев по селските кооперации. Рецептот во тие кооперации бил едноставен и општоприфатен: Голтка пивце, залче месен нарезак со вегета од бакалска харија и нова заебанција за и од Венко. Па едно силно, хи-хи-ха-ха на негова сметка. И повторно по истиот редослед, до зори…
Сега, по стариот СДС удбашки рецепт, пак, Венко ќе ги девалвира и јавно ќе ги руга сопартијците кои му ја „извадија маста“ и сосема логично ги спомнаа глупостите кои ги направи минатите неколку денови. Утки и погрешни наративи на лузерскиот пи-ар тим и лидерот-нервчик. По овој, толку логичен редослед:
Прво, дека беше „глуп ко ноќ“ што не дојде на лидерска, затоа што ако не си на терен, не можеш да постигнеш гол.
Второ, дека си уште посуртук ако застанеш против „Сејф сити“, затоа што и врапчињата знаат дека со животи и безбедност на граѓаните не се игра, ни под разно.
Трето, секој нормален човек во државата, бил од СДС или од ВМРО, па и од ДУИ, знае и сфаќа дека не можеш да водиш инфантилна војна со десетина медиуми, а притоа да не го изедеш стапот кој сам си си го накалемил и си го бараш со боринче.
Четврто, после фијаското на локалните и дузината новокомпнирани афери, „новото“ раководство – ново ко ланскиот снег и серијата ултра-индолентни потези на партијата која веќе не се препознава и функционира како патетично, недоделкано НВО, НАЈЛОГИЧНО ВО СВЕТОТ е сите да бараат ВРХУШКАТА И „ЛИДЕРОТ“ кој ги влече кон подрумот на дното ДА СИ ЗАМИНЕ и да си даде оставка. И ВМРО. И Шилегов. И Деспотовски. И Куновска. И сите нормални. Дури и портирот во СДС.
Петто, не можеш да се закачиш со половина компании во Македонија терајќи ги своите ступидни теории на заговор (на кои никој не ти верува) и да очекуваш дека нема да добиеш серија обвиненија и пријави за клевета, само и само да бидеш видлив во јавноста, за да кога ќе те затворат за финансиски криминал, арамилак и празнење на државната каса, да тврдиш дека си политички затвореник.
Тоа што сите им го зборуваат и им укажуваат на грешките им е несфатливо и нелогично само и само на Венко, Јон, Фрчко Сениор, Жерновски, Фани, Чупоска и Димитријевиќ. Патем, велат дека дури и Богданка не сакала да ги чита овие тотално нелогични и инфантилни глупоштии на врхушката, па фатила „кривина“ и затоа пустиот Венко морал сам да се поти, чита и да мафта со рачињата небаре доаѓа потоп. А доаѓал, но за него и „екипата“…
Ајде, да видиме дали не сме во право и дали ова (заедно со „српски свет“, Ноќни волци и измислени празни државни каси) ќе биде ќелепурскиот, дежа ви наратив во старо-новата епизода на турската сдс серија „Летечкиот циркус на Венко Филипче“, зачинета со веќе виденото боливудско, „српарателно“ и трагикомично сценарио?
П.С.
Велат дека јавното обвинителство се разработело, како и дека гласот за рекетот врз Жан Митрев, конечно, допрел и до нив. Допирал и пустиот глас за јагленот на Вице, фирмата во Ќустендил, џипот-дар од баснословни 130.000 евра, „непостоечката“ хациенда во Нерези, модуларната болница, за онкологија, за бонбона бизнисот со вакцините, за златнта виза во Дубаи, за облакодерите и станчето во истото итн.
Списокот, да ти бил многу долг, цел ферман…