Македонија кандидатури

Николовски и натаму е на „нула“, пет од 11-те кандидати за претседател собраа 10.000 потписи

Пет од вкупно 11 кандидати ги собраа неопходните 10.000 потписи за учество на претседателските избори, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

На Максим Димитриевски од ЗНАМ, на Бујар Османи од ДУИ и на Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, од вчера се придружија и претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска и градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Останатите кандидати, барем засега, се далеку од потребните 10.000 потписи.

ВЕЛО МАРКОВСКИ 1.330
МЕРСИХА СМАИЛОВИЌ 1.286
ЃОРЃИ МАНАСКОВ 388
ЗОРИЦА ЦВЕТКОВСКА 176
ГОСПОДИН ПОПОВСКИ 106
ТОМЕ НИКОЛОВСКИ 0

Најнови вести од Македонија

To top