Македонија Предизборен конгрес

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ седи на главната маса со партнерите од Европската Народна партија, додека СДСМ на врата не го пуштаат да влезе

Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор“, кажа Николоски.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ седи на главната маса со партнерите од Европската Народна партија, додека СДСМ на врата не го пуштаат да влезе

„Ова е предизборен конгрес на најголемото политичко семејство во Европа, Европската Народна партија од која полноправен и горд член е ВМРО-ДПМНЕ. Горд сум што ВМРО-ДПМНЕ е член на најмоќната политичка сила во Европа од која доаѓаат најголем број на претседатели и премиери на земји од Европската Унија и Европа како и целото раководство на Европската Унија. Најдобар доказ за тоа е што претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен е од Европската Народна партија и истата беше избрана за водач на листата на Европската Народна партија и доколку Европската Народна партија ги освои јунските европски избори повторно ќе биде претседател на Европската комисија што е исклучително значајно за нас како политичка партија и за Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вклучување во вестите на телевизија Алфа.

Николоски продолжи и додаде дека Македонија ќе има пријател претседател на Европската комисија.

„Имајќи предвид дека ќе имаме пријател претседател на Европската комисија, а од 8 Мај ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата, а исто така и претседателот ќе е од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор“, кажа Николоски.

Посочи дека оствариле бројни средби со други видни личности и додаде:

„Имавме бројни други средби со видни личности. Тука можам да го издвојам канцеларот на Австрија Нехамер, понатака премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, лидерот на најголемата политичка партија во Словенија Јанез Јанша, претседателот на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент Дејвид Мекалистер, Јоханес Вадефул кој е еден од првите луѓе на Христијанско демократската унија во Германија, тука е комесарот Јоханес Хан, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на жените на Европската Народна партија, бројни европратеници, министри за надворешни работи, уште неколку премиери со кои се разговараше. Така што навистина една плодна, плодна дводневна посета тука во Букурешт каде се одржува конгресот на Европската Народна партија“, вели Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер.

„ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер, ВМРО-ДПМНЕ е на главната маса и разговара за разлика од СДСМ кој гледаме на врата не ги пуштаат да влезат на конгресите на Социјалистите и од врата ги враќаат назад“, кажа Николоски.

Тој додаде дека СДСМ и нивниот претседател на врата не го пуштаат на прием кај Социјалистите.

„Ние седиме на главната маса за разлика од водството на СДСМ почнувајќи со претседателот на СДСМ кој на врата не го пуштија да влезе на прием кај Социјалистите во Рим па тоа го имаше и како скандал во престижниот весник Политико“. истакна Николоски.

Николоски истакна дека исто така во Виена ќе имаат средби и додаде:

„Во Виена ќе имаме средби со министерката за Европа и за уставни прашања Ештадлер, понатака со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, со претседателот на стопанската комора на Австрија што за мене е исклучително битно бидејќи има Австриски инвестиции во Македонија и тие треба да продолжат во следниот период и секако тука е средбата со Македонците кои живеат во Австрија со нашата дијаспора, а ќе имаме средба и со еден потенцијален инвеститор кој би дошол да инвестира во Македонија уште во првите 100 дена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top