Македонија класична изборна кампања после празниците

Николоски: Власта ги прифати позициите на ВМРО-ДПМНЕ неразумно e да има одвоени избори

Подготовките за избори почнуваат, обично така е 5-6 месеци пред избори почнуваат подготовките. Добра страна е што имавме, се уште имаме една интензивна теренска активност која што започна летото, трае цела есен, еве и зимава, неколку дена во недела сме со граѓаните. Добиваме информации од граѓаните како ги гледаат работите, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринска емисија на „Слободен печат“.

Николоски: Власта ги прифати позициите на ВМРО-ДПМНЕ неразумно e да има одвоени избори

Николоски додаде дека при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ добри контакти се направија бидејќи нема дел во државата кој што не е посетен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„После празниците веројатно ќе влеземе во онаа класична изборна кампања која што ја знаат граѓаните“, појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ситуацијата непотребно се искомплицира имајќи в предвид дека позициите на дел политички партии вклучувајќи ги и владејачките беа дека треба да се случат раздвоени избори. А, тоа немаше никаква логика. Имајќи в предвид дека временската разлика помеѓу претседателските и парламентарните избори не може да е повеќе од месец и половина до два. Да биле шест – седум месеци веќе е некоја друга ситуација. Мислам дека на страна на владејачката СДСМ имаше погрешно правно мислење дека изборите можат да се случат нанапред, а не наназад од датумот на избори на последниот циклус. Што е погрешно толкување на Уставот. После тоа тие сфатија дека тоа е грешка и веќе се дојде до разумен заклучок дека неодржливо е за државата и финансиски и логички ако сакате и политички да на пример во април има претседателски избори два круга, а крај на мај да има парламентарни избори“, појасни Николоски.

Тој посочи дека сега има две опции во однос на датум за избори. Едната опција е првиот круг на претседателски избори да биде на 31 март, а вториот круг на претседателски избори заедно со парламентарните избори да бидат на 14-ти април. И втората опција е она што и ВМРО-ДПМНЕ го предложи, а тоа е на 24-ти април да биде првиот круг на претседателски избори, а на 8-ми мај да биде вториот круг на претседателски избори заедно со парламентарните.

„Во овој наш предлог има две карактеристики, прво Парламентот оди на редовни избори што значи дека е во функција и по одржувањето на изборите до конструирање на новиот Парламент. И може да се направи и инаугурација на новоизбраниот претседател на државата на 12-ти мај кога на Стево Пендаровски му завршува мандатот. Втората карактеристика е што изборите би биле во среда како што беше во 2020-тата па и во 2006-та всушност. Од причина што петти мај, недела е Велигден и имајќи в предвид дека е голем верски празник не би било логично да има избори“, рече тој.

Николоски додаде дека засега нема официјални разговори за изборите. Власта засега реши дискусијата околу избори да ја води преку медиуми.

„Треба неколку прашања да се затворат, прво мислам дека треба да се случат измени на Изборниот законик барем во препораките на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР, оценската мисија. Тука има препораки кои што ние ги нарекуваме технички имајќи в предвид дека не задираат во политичкиот дел, но се многу суштински за начинот на гласање. Има неколку сектори кои што можам да ги споменам, прво е правото на гласање на лицата со навршување на 18 години, а што се случува со оние кои што навршуваат 18 години помеѓу двата изборни круга. А, Уставот вели дека е гарантирано избирачкото право. Понатака, што се случува со гласањето, но не само гласањето туку и начинот за следење на кампањата на лицата со попреченост. Има бројни препораки кои што мислам дека е добро да се преточат. Понатака што се случува со лицата кои што имаат истечени лични документи не по своја вина туку гледате што се случува со системот. И тоа е прашање кое што треба да се реши. Понатака имавме една ситуација на локалните избори пред се во општините Центар Жупа и Маврово Ростуше, но може да се рашири и во други општини каде што не можеа да се завршат изборните циклуси затоа што не можеше да се постигне цензус, а има препорака ОДИХР да доколку еднаш не успеат избори тогаш вториот пат да нема таков цензус односно тие што ќе излезат мнозинство да си изберат градоначалник, што е логично решение“, рече Николоски.

To top