Македонија време е Македонија да се чисти од корупција

Николоски: Ставањето на бизнисменот Дака на црната листа на САД е потврда во она што сме го говореле, дека високи владини функционери во Македонија биле вмешани во корупција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите дадена по повод состанокот на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, беше запрашан како го коментира тоа дека бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ е ставен на црната листа на САД. Црногорскиот бизнисмен беше поврзуван со бизнис активности во Македонија и конекција со Владата, а токму овој скандал го објави Николоски.

Николоски: Ставањето на бизнисменот Дака на црната листа на САД е потврда во она што сме го говореле, дека високи владини функционери во Македонија биле вмешани во корупција

-Да ја потсетам македонската јавност дека оваа влада на СДСМ и ДУИ беше формирана на 30 август 2020 година, веќе на 31 август, утредента Советот на општина Тетово во тоа време со градоначалник од ДУИ, Теута Арифи усвои спорен детален урбанистички план кој што проценката беше дека треба да вреди некаде околу 200 милиони евра, на земјиште кое што претходно припаѓаше на комбинатот „Шик Јелак“ кое што во спорни и сомнителни околности во меѓувреме го стекна бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ. Во тоа време презентирав докази дека се работи за пари од сомнителен капитал кои што можеби потекнуваат и од војните во поранешна Југославија кои што Македонија стигнуваа преку офшор компании од Панама, сето тоа го презентирав во јавноста, рече потпретседателот Николоски.

Николоски во врска со овој случај посочи дека обвинителство до денес го нема испитано целиот овој случај.

-За жал до денес обвинителство не смогна сили да го испита целиот овој случај. Се сеќавате дека во тоа време излегоа и одредени податоци во јавност дека има можна вмешаност на владини функционери и можна корупција. И сето тоа се нотира во она што е соопштение на САД кое што го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ што за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина, но во исто време е и добра порака за целиот регион, тој е од Црна Гора и е една порака дека и таму треба да се демократизираат работите, кажа тој.

Потпретседателот Николоски порача дека време е Македонија да се чисти од корупција.

-Сакам исто така и да потсетам, можеби и како една лична сатисфакција дека во тоа време добивав и директни закани да престанам со таа работа и да не продолжам да ги објавувам деталите. Јас тоа го изнесов во јавност и продолжив да ги објавувам деталите и како и досега што сум го правел за многу корупциски афери ќе продолжам и тоа и во иднина, секогаш кога имам сознанија, затоа што мислам дека е време Македонија да се чисти од корупција. Овие млади луѓе кои што се денеска тука на конференција сакаат и Македонија и регионот и Европа да ја видат подобро од она што ние ја гледаме денес, порача Николоски.

To top