Македонија Саем-Отчет

Николоски: Со поддршка на Владата бројни проекти се завршени или се спроведуваат во општините

Најголем дел од општините веќе почнаа со процесот на јавните набавки со реализација на вториот повик којшто го објави Владата“, рече Николоски.

Николоски: Со поддршка на Владата бројни проекти се завршени или се спроведуваат во општините

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека со поддршка на Владата бројни проекти во општините веќе се реализираат, и дека најголем дел од општините веќе отпочнале со процесот на јавните набавки, со реализација на вториот повик објавен од страна на Владата.

„Со поддршка на Владата и минатата и оваа година бројни проекти веќе се реализираат во општините а дел треба да почнат да се реализираат, над 1200 проекти коишто во моментов се во процес на реализација и секако уште стотици доаѓаат. Најголем дел од општините веќе почнаа со процесот на јавните набавки со реализација на вториот повик којшто го објави Владата“, рече Николоски.

Николоски истакна дека е доста важна соработката со градоначалниците затоа што граѓаните не ги интересира проблемот во чија надлежност е туку истиот да биде решен.

„Тоа е една огромна поддршка којашто Владата ја дава, но она што мислам дека е доста значајно е соработката со градоначалниците затоа што многу ингеренции се испреплетуваат, на многу места има заеднички ингеренции помеѓу локалната самоуправа и централната власт и една добра синергија помеѓу централната и локалната власт е исклучително значајна затоа што граѓаните кога имаат одреден проблем тие помалце ги интересира чија надлежност е а повеќе ги интересира да проблемот биде решен“, истакна Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top