Македонија платформа 1198

Николоски: Следува одговорност за огромните тендери од стотици милиони евра за крими набавка на мазут во ТЕЦ Неготино

А до денес сме свесни дека го потпиша на брза трака кривичниот законик со кој се амнестираше криминал и најбитното до денес Стево Пендаровски ги троши украдените пари за својата кампања и црна, бела и онаа која не ја гледате и онаа што ја гледате затоа што кампањата му е финансирана со крими пари“, дециден е Николоски.

Николоски: Следува одговорност за огромните тендери од стотици милиони евра за крими набавка на мазут во ТЕЦ Неготино

„Во ТЕЦ Неготино сите видовме како заеднички СДСМ и ДУИ крадат, видовме како заеднички се делат огромни тендери од стотици милиони евра за крими набавка на мазут од кој милиони завршија во приватни џебови. Сакам оттука да го прашам директорот на ТЕЦ Неготино и овој на ЕЛЕМ кој е по потекло од овдека од Неготино, дали е вистина или не дека се дел од крими шемата и дека истата е договарана покрај во Неготино и во Скопје и во една соседна држава? И да им порачам дека одговорност многу брзо ќе има, уште можеби ова лето ќе ги видите првите резултати за одговорност“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.

Тој продолжи и додаде дека во овие 7 години власт на СДСМ и ДУИ се покажа како може да се уништи една држава.

„Од оваа крими шема во ТЕЦ Неготино не може да се амнестира ни Стево Пендаровски, затоа што без разлика што глуми наивен и без разлика што сака да се прикаже како чесен, како некој кој не знае што се случува, не знае што прават СДСМ и ДУИ до денес не го слушнавме да осуди ни една крими афера која ВМРО-ДПМНЕ ја извади во јавност. А до денес сме свесни дека го потпиша на брза трака кривичниот законик со кој се амнестираше криминал и најбитното до денес Стево Пендаровски ги троши украдените пари за својата кампања и црна, бела и онаа која не ја гледате и онаа што ја гледате затоа што кампањата му е финансирана со крими пари“, дециден е Николоски.

Николоски посочи дека затоа Стево

Пендаровски треба да биде поразен и на 24 април и на 8 мај да си замине од политичката сцена и заедно со овие криминалци да одговара.

„Потребна ни е масовна голема референдумска излезност. Да излезете сите кои сте тука, да ги поканите сите кои ги познавате да излезат на гласање и сите кои можат од надвор да си дојдат да дојдат да го прославиме Велигден заедно, да победиме на 24 април и 8 мај со голема масовна референдумска излезност“, заклучи Николоски.

To top