Претходното раководство на Македонски Пошти планирале да го издадат објектот на централната зграда за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по денешната посета на седиштето на ЗЕЛС. Наспроти ова, планот на актуелната влада и министерството за транспорт предводено од Николоски е тоа да биде мултимедијален и културен центар.
Во однос на злоупотребите кои ги констатираше Државниот завод за ревизија во минатогодишното работење на Македонски пошти и платите кои енормно си ги покачиле директорите на претпријатието, додека вработените не земале ни плати, вицепремеирот изјави дека ова не е ништо ново нити изненадувачко.
-Добро е што ова го слушнавме и од ДЗС. Очекувам Јавното обвинителство да реагира, да влезе и да утврди одговорност за сите оние кои работеле несовесно и незакоснки, посочи Николоски.
-Пошта беше еден од моите први предизвиици како министер за транспорт, вели Николоски, по чие доаѓање вработените, конечно, почнаа редовно да земаат плата. Најави и дека поради утврдените слабости во моментот се работи на реорганизација на дел јавните претпријатија, како и дека минатото раководство и Влада имале за цел да ја уништат Македонски Пошти, по цена на неколку нови приватни компании кои би се занимавале со овој поштенски бизнис.