Македонија Кичево

Николоски: Поддршка од 2 милиони евра за општина Кичево за дополнителни проекти

Нема да застанеме тука, продолжуваме со поддршка на општината, веќе од вториот повик што го објави Владата имаме определено некаде над 2 милиони евра само за општина Кичево, на бројни проекти коишто ќе се реализираат на сите на населени места, изјави Николоски.

Николоски: Поддршка од 2 милиони евра за општина Кичево за дополнителни проекти

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски заедно со Кандидатот за градоначалник ов ВМРО-ДПМНЕ за општина Кичево, Александар Јовановски, денес беа на увид на ново изградениот булеварот во општината.

Се работи за проект кој го работиме заедно со Светска Банка и се работи за проект со вредност околу 24 милиони денари кои што беа инвестирани, изјави вицепремиерот Николоски.

Проектот опфаќа поплочување на тротоари, поствување на комплетно нов асфалт, хортикултурно уредување и поставување на вертикална и хоринзонтална сигнализација.

Убав ден во Кичево. Позитивна кампања и извесна победа на доктор Александар Јовановски.

📌 Најавувам дополнителна…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Saturday, October 4, 2025

Нема да застанеме тука, продолжуваме со поддршка на општината, веќе од вториот повик што го објави Владата имаме определено некаде над 2 милиони евра само за општина Кичево, на бројни проекти коишто ќе се реализираат на сите на населени места, изјави Николоски.

Вицепремиерот најави дополнителни инвестиции во општина Кичево.

Сакам да најавам дека после победата на докторот Александар Јовановски, најавувам дополнителна поддпшка од министерството за транспорт од дополнителни 2 милиони евра само за општина Кичево, потенцира Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top