Николоски истакна дека по парламентарните избори одговорност за скандалот со Онкологија ќе има, власта штити веледрогерија, а тоа ги чини граѓаните живот.
-Она што би сакал на почетокот да го кажам е дека огромниот скандал кој што беше врзан со лечењето на болните од малигни болести и случувањата на Клиниката за онкологија, како што гледате власта целосно се обидува да го стиши. Имено, ни истрага не се отвори за манипулациите, за кои што јавно се говореше и за кои што собраниската Анкетна комисија донесе соодветни ставови кои што беа презентирани низ повеќе испрашувања кои што ги правеше истата таа комисија. Сите се свесни дека скандал има. Сите се свесни дека има потенцијални неправилности, но власта сакајќи да ги затскрие и да ги заштити првенците на власта кои што очигледно се дел од овој скандал, не отвори ни истрага како што кажав. А, најверојатно и најбитната причина зошто не отвораат истрага е затоа што сакаат да ја заштитат веледрогеријата која што е еден од најголемите донатори на СДСМ во моментот. Но, тие активности и тоа што го прават со заштита на оваа омилена веледрогерија и првенците на власта за жал чинат човечки животи. И да кажам дека после парламентарните избори кои што ќе се случат на 8-ми мај, ова ќе е една од првите активности која што ќе ја преземеме за да се побара одговорност во однос на овој случај.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ понатаму информираше дека ќе се сретнат со пензинерите, како и средби со граѓаните на Кавадарци.
-Денес исто така ќе имаме средба и со пензионерите со кои што ќе зборуваме за состојбата во која што живеат. Наш план е пензиите да растат и да се зголемуваат, имаме конкретно ветување дека во рок од една година пензиите линеарно ќе пораснат за 5.000 денари по пензионер, што е едно сериозно зголемување во однос на ова што сега го има како пензии. И имаме план како и понатака после тоа да пензиите се прилагодуваат на потребите и на животниот стандард. Исто така ќе имаме и средби со граѓаните во Кавадарци, кај што ќе поразговараме на актуелните теми кои што ги засегаат, рече Николоски.