Градоначалникот наследи општина со блокирана сметка заради пустошот кој СДСМ го остави. Но дури и во такви услови работеше и реализираше. СДСМ и ДУИ кога ја водеа државата не даваа поддршка. Владата на СДСМ и ДУИ камче не стави тука, со прст не мрдна. Напротив, проблем до проблем. Со промената на власта, се променија и работите во Македонија. Само за една година и три месеци успеавме да реализираме проекти кои беа само мисловна именка, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од народниот митинг во Василево.
-Од првиот и од вториот повик, имаме реконструкција на улица во Нова маала во во вредност од 9,6 милиони денари. Реконструкција на улица на влезот во село Пиперево до самиот центар во вредност од 25 милиони денари. Изведба на одводен канал за наводнување од 7 милиони денари, канализација за Радичево во вредност од 39 милиони денари, фекален систем во Пиперево за 7 милиони денари, основен проект за партерно уредување на дворот на училиштето „Гоце Делчев“ кој е во тек на реализација, канализација во Градошорци, село Василево каде е има и втора фаза, изградба на спортска сала и бројни други проекти, рече Николоски.
Тој ги повика граѓаните масовно на избори да го заокружат бројот 9 за градоначалник и за мнозинство во Советот од ВМРО-ДПМНЕ.