-Ова беше општина која тој ја затекна како екстремно задолжена општина со огромна задолженост имајќи ја во предвид општината, а сега е веќе општина во позитива која секоја година одвојува значајни средства за капитални расходи, рече Николоски.
Николоски додаде дека после парламентарните избори со децентрализација на средствата од централниот буџет ќе влегуваат во буџетот на општината.
-По парламентарните избори веќе ова лето ќе почнеме да работиме на децентрализација на средствата од буџетот и значајни средства ќе влегуваат и од централниот буџет некаде околу 2 до 2,5 милиони евра ќе влезат во еден инвестициски циклус од 4 години дополнително на она што е буџет на општината со цел да можат најголем дел од потребите на целата општина да бидат решени, додаде Николоски.
Би сакал уште еднашка да честитам на градоначалникот, на советот, на сите кои се ангажирани во овој проект и да се гледаме на уште многу нови проекти, рече Николоски.