Јавно сум зборувал за случајот со адетивите кој беше класична злоупотреба. Јас бев тој кој во јавност ги извадив куќите во Неготино на еден од осомничените и неговото семејство во овој случај, а очекувам во иднина и други случаи за злоупотреби да се отворат поврзани со РЕК Битола, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостувањето во ТВ Сител.
-На пример, како тоа една компанија добиваше тендери за ископи, па потоа добиваше идентичен тендер, па како исти анекси добиваше и во двата тендери. Потоа како една компанија само таа добиваше тендери, а на електронската аукција никој друг не се пријавуваше. И затоа цената на електричната енергија скоро и да се дуплираше, па требаше од буџетот да се плаќаат субвенции за граѓаните да не го почуствуваат тоа, ама затоа компаниите и стопанството го почуствуваа. Така да, ова се случаи коишто очекувам да ги разгледа Обвинителството заедно со МВР и Финансиската полиција и да дадат одговори пред јавноста, да бидат процесуирани но и да ги вратат парите оние коишто учествуваа во овие активности коишто се на штета на буџетот и на граѓаните, истакна вицепремиерот Николоски.
Тој потенцира дека сега на потег е судството да одговори соодветно бидејќи очекува целиот фокус на јавноста да е насочен кон него.
„За жал состојбата во судството е таква каква што е, но очекувам да се издигне на задачата и да ги дадат одговорите на граѓаните”- рече Николоски.