Македонија Тема на денот

Николоски: „Копачите на злато“ станаа копачи на зло со поддршка на власта на СДС и ДУИ

Николоски потенцираше дека сега осомничениот за двојно свирепо убиство Љупчо Палевски Палчо всушност Љупчо Палевски Палчо изминатите 6-7 години е полициски проект на власта кој имал за цел уште во 2018 година да се претстави како некаков „патриот“, а всушност е лице со дебело криминално досие кое одработувало за власта се со цел полицијата да не го казнува.

Николоски: „Копачите на злато“ станаа копачи на зло со поддршка на власта на СДС и ДУИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во Тема на денот на телевизија Сител, упати сочувство до семејствата за овој грозоморен чин кој ја потреси јавноста, потенцирајќи дека власта на СДС и ДУИ е најодговорна бидејќи води политика на неказнивост и од монструми создала Франкештајн.

Оваа власт негувајќи монструми, на крај создаде Франкештајн, бидејќи мислејќи дека ќе останат неказнети за помали кривични дели, стигнаа до тоа да убиваат деца, да убиваат луѓе, затоа што сметаа дека вечно ќе бидат заштитени од параполициските структури на оваа власта. И тука има подеднаква одговорност и СДС и ДУИ, вели Николоски.

Николоски потенцираше дека сега осомничениот за двојно свирепо убиство Љупчо Палевски Палчо всушност Љупчо Палевски Палчо изминатите 6-7 години е полициски проект на власта кој имал за цел уште во 2018 година да се претстави како некаков „патриот“, а всушност е лице со дебело криминално досие кое одработувало за власта се со цел полицијата да не го казнува.

Во Македонија со години важи една политика на неказнивост. Треба да го видиме добро профилот на осомничените за кои се осомничени дека се извршители на овие два грозоморни чина. Се работи за лица кои што беа полициски проект добри 6-7 години во Македонија. Кои што некаде пред референдумот за името во 2018та година беа создадени како “патриотски движења“ кои што требаше да ја одземат силата на ВМРО-ДПМНЕ, па нели тие беа “патриотите“, а ние бевме предавниците, тие беа тие кои што се удираа во гради за Македонија а ние требаше да изгледаме како некои помеки. А во суштина тоа беа полициски инсталации, полициски структури со дебело криминално досие кои што одработуваа со цел полицијата да не ги казнува, изјави Николоски.

Николоски потенцираше дека Палевски во неколку наврати ширел говор на омраза и јавно му се заканувал на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а и нему лично, но полицијата тогаш не преземала ништо, односно како што рече тој никој од власта не ги санкционирал за тоа и кога има политика на неказнивост на овие “копачи на злато“, а во суштина копачи на зло, резултатот е трагедија.

Да ве потсетам дека истите ликови упатуваа закани кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кон неговото семејство, кон мене лично, и не еднаш туку многу пати, никој од власта не ги санкционираше за тоа и кога имате политика на неказнивост на овие “копачи на злато“, а во суштина копачи на зло, тогаш имате резултат каков што имате, а резултатот е трагедија, нагласи потпретседателот Николоски.

Најнови вести од Македонија

To top