Македонија

Николоски: Изгрaдбата на експресниот пат е огромен успех за Македонија и граѓаните

Ова е голем успех за Македонија и за граѓаните бидејќи оставаме во наследство капитален проект со кој ќе го развиваме источниот дел на Македонија, истакна вицепремиерот Александар Николоски на пуштањето во употреба на експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка.

Експресниот пат е во должина од 25,5 километри и вредност од 107 милиони евра. Патот има две сообраќајни ленти за возење од по 3,5 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. На патот се изградени 3 клучки, 13 вијадукти и 9 надпатници.

Според вицепремиерот Николоски, патот е доизграден во рекордно време.

-Кога беше избрана Владата се соочивме со многу проблеми, многу нерешени проблеми, заостанати проекти, проекти кои ниту имаа јасна завршница, ниту финансирање, ниту извесност во завршувањето. Благодарение на посветеноста на Владата и морам тука да потенцирам, личната посветеност на премиерот Мицкоски, за што сум многу благодарен, на дневна основа се слушаме и комуницираме за овие проекти. И ова е негова лична заслуга зошто прв пат во историјата на Македонија се заврши еден проект на време. Беше 31 12 ветено, јас и директорот Трајановски на 31 -ви го извоземе прв пат овој пат и пративме информација до премиерот дека патот е готов, а од денеска ќе може да го користите сите, изјави вицепремиерот Николоски.

Со изградбата на овој експресен пат се скратува времето на патување од Скопје кон Крива Паланка за дваесетина минути и се зголемува безбедноста во сообраќајот.

Најнови вести од Македонија

To top