Македонија

Николоски: Институциите да соберат храброст и да ја испитаат работата на Новоматрикс во РЕК Битола, дали имала квалификации да работи или се работи за параван за перење на пари?

Се надевам дека институциите ќе имаат храброст и до крај ќе ја испитаат работата на Новоматрикс да проверат дали воопшто имала било каква механизација за да работи во РЕК Битола, дали има било какви квалификации за да може да работи и дали има какви било стручни вработени за да работи во РЕК Битола, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа што РЕК Битола во време на Васко Ковачевски на иста фирма дава два тендери со исти суми, и двата со исти анекси од 20%.

Николоски: Институциите да соберат храброст и да ја испитаат работата на Новоматрикс во РЕК Битола, дали имала квалификации да работи или се работи за параван за перење на пари?

Николоски истакна дека на сите овие прашања треба до крај да одговори истрагата и се надева обвинителството и судството затоа што се работи за огромен епски криминал, како и треба да се одговори на прашањето дали Новоматрикс била само за параван компанија преку која биле перени пари.

Се работи за поврзан случај, имено компанијата Новоматрикс се споменуваше и во конекција со друга компанија, СВ Инвест која е добро позната на јавноста и се работи за истиот период за време на директорување на Васко Ковачевски каде што очигледно се правеле криминални тендери затоа што тука веќе има и замрзнување на имот, потенцираше Николоски.

To top